Jus est ars boni et aequi за било која друга адвокатска канцеларија можеби е само добар цитат, но за семејството Поп-Ангелов претставува вистина предадена од една генерација на друга. Адвокатската канцеларија Поп-Ангелов ги влече своите корени од 1972 година, кога беше основана од Наќо Поп-Ангелов, кој како високо почитуван јавен обвинител во Република Македонија, во текот на своите активни години како уважуван адвокат ги изгради темелите на адвокатската канцеларија.
Високите морални и етички вредности на Наќо неминовно беа пренесени на неговиот син Сашко, кој достоинствено ја продолжи традицијата и во 2001 година ја реоснова адвокатската канцеларија Поп-Ангелов.
Адвокатската канцеларија претставува продолжение на семејното наследство, преку толкување на законот единствено како уметност на добрина и еднаквост.
Адвокатската канцеларија Поп-Ангелов, предводена од Сашко, во изминатите две децении дава правни совети во граѓански и кривични спорови, со силен акцент на деловното, управно, трудово, семејно и облигационо право за домашните и странските субјекти во Република Северна Македонија; притоа, негувајќи силна професионална релација со голем број надворешни соработници, со цел да им обезбеди врвни правни совети на своите клиенти.
Законот е уметност на добрина и еднаквост.
Заштита на правата во управна постапка пред министерствата, државните институции, јавните установи и другите органи на државна управа.
Застапување во постапки за вадење на дозволи за престој и одобренија за работа на странци во Република Северна Македонија.
Поднесување на барања и застапување во постапки за вадење на уверенија, концесии, лиценци и други документи.
Застапување во постапки по донесени решенија од страна на државните инспекциски органи и во постапки за заштита на слободите и правата загарантирани со Уставот.
Застапување во царински постапки.
Поведување и застапување во постапки пред Управниот суд и Вишиот управен суд во Република Северна Македонија.
Застапување во постапки за основање на домашни и странски правни лица, како и организациони промени во трговските друштва.
Изготвување на сите внатрешни акти на правните лица.
Застапување, советување и поддршка во деловното работење на домашни и странски правни лица и анализа на закони и прописи кои се од значење за трговските друштва.
Застапување на правни лица во постапка за наплата на долгови произлезени од деловното работење на друштвата.
Застапување во постапка и заштита на права од работен однос.
Изготвување на секаков вид на договори, молби, барања и застапување во постапка за издавање на дозволи за работа и во постапки за јавни набавки.
Изготвување на правни мислења од областа на кривичното право.
Застапување во пред-кривични постапки и обезбедување на присуство и застапување пред сите органи на прогонот.
Подготвување на одбрана и застапување во кривична постапка пред судовите во Република Северна Македонија.
Вршење на истражителни дејствија за кривично правни настани.
Застапување во прекршочни постапки.
Изготвување на редовни и вонредни правни лекови во кривичните постапки.
Застапување на домашни и странски физички и правни лица во граѓански спорови пред судовите во Република Северна Македонија.
Изготвување на секаков вид на правни акти: поднесоци, приговори, тужби, редовнии вонредни правни лекови.
Застапување во спорови за надомест на материјална и нематеријална штета.
Застапување во спорови од семејно и наследно право.
Изготвување на сите видови на договори.
Застапување во постапка за обезбедување на побарувања и постапки за извршување.
Наши клиенти се физички и правни лица, домашни и странски компании, дипломатски и конзуларни претставништва, производствени, градежни и транспортни компании, интернационални учишта и успешни бизнисмени.
Листата на нашите клиенти не е достапна поради ограничувањата и рестрикциите наметнати од страна на Адвокатската Комора на С. Македонија.